Ансамбл за традиционална игра и песна

„Бојмија“

Гевгелија - Македонија

Сред Село

Сред село представува мешана стилизирана кореографска постановка која според стилските и музички карактеристкити се вбројува во кореографиите од Повардарие. Низ неколку карактеристични соборски песни и игри, кореорафијата го представува секојдневниот селски живот и случувањата на сред село како центар на социјалниот живот на младите.

Повардарие

Oпфаќа карактеристични песни и игри од скопската околија,низ кои се прикажани динамичноста и веселбата на средселските собори од овој регион.

Копачија

Оро кое потекнува од областа Копачка,Кичевско,Западна Македонија. Машките ора се разликуваат од женските ора,во кои се вплетени обичаи, фолклор на богати носии и слично,од овој регион.Тука се вбројуваат ората Четворка,Малесора,Свекрвино оро и други,а како песни се присутни Ангелино моме и други.

Малешевка

Играта е инспирирана од богатата фолклорна традиција од Малешевскиот крај. Во неа се вклучени ората: “Беровка”, “Испајче”, “Пантево”, “Малешевка” како и обработка на песната “Јана тенка малешевко”. Во играта е доловен драмскиот момент на додворување, а истата се изведува во традиционална носија од регионот на Малешево.

Седенка

Кореографска обработка инспирирана од богатиот фолклор од источна Македонија.На средселскиот собор,на седенка,двајца ергени се натпреваруваат и ја освојуваат љубовта на убавата мома Стојна и целото дејствие,се разбира,се одвива низ игра и песна карактеристична за овој крај.

Преспански игри

Мешана игра која се изведува во традиционална носија од Преспанскиот регион поточно регионот на Долна Преспа. Играта е составена од елементи од различни машки и женски ора, а со вклучена паровна игра.

Пиринско пролетно цвеќе

Стилизирана мешана игра инспирирана од фолклорот од Разлошкиот регионот. Се карактеризира со динамични движења и специфична изведба.

Два танца

Ова кореографија е инспирирана од региионот на Крива Паланка и претставува надигрување на две групи на играчи. Подоцнежните аранжмани во кои се внесени нови инструменти значително влијаат на збогатување на целата атмосфера во орото.

Осоговка

Машка игра во која основниот играчки обрзец потекнува од “Арнаутското” оро, кое е обработено и е во стилизирана форма.

Русајлии

Карактеристична е за гевгелискиот регион и тоа само во време на таканаречените Некрстени Денови,помеѓу Божик и Бадник. Играта е длабока и симболична и претсавува борба со злото,бранејќи ги луѓето и Земјата. Специфични се носиите,со голем крст околу вратот,за заштита.Ако две групи на Русајлии се сретнеле,се случувала борба и судар до смрт.