Југоисточниот регион на Република Македонија е извор од кој народот отсекогаш знаел да ја црпи инспирацијата на своето творештво.
Богатството од обичаи, умотворби и народни ора се дел од сеојдневието на жителите кои живеат во населените места.
Низ годините населението се собирало на празници, на веселби но и на тажни случувања за да
ги пренесе од уста на уста, од рака на рака, од чекор на чекор она што го измислувал, она што го создавал како
своевиден креативен плод. Така се создава фолклорот на еден народ, но така се создаваат и фолклорните групи
кои ја имаат единствената цел – да го сочуваат она што со векови се измислувало и творело.
Еден од многуте, со свој оригинален пристап во презентирањето на народниот фолклор е ансамблот за
традиционална музика и игри „Бојмија“ од Гевгелија. Формиран во 2004 година од група млади ентузијасти и вљубеници во фолклорот.
Името на ансамблот е според етничкиот предел Бојмија, предел во кој спаѓа и Гевгелиската котлина, односно таа се наоѓа во
пределот Горна „Бојмија““.
Во 2005 година ансамблот „Бојмија“ официјално е регистриран како здружение на граѓани.
Во ансамблот „Бојмија“ членуваат членови од најразлични
возрасти. „Бојмија“ брои околу 130 активни членови кои работат во три групи кои се поделени според нивната возраст.
Репертоарот во Ансамблот „Бојмија“ е разновиден тој негува игри и песни од сите краеви на Македонија.
Игрите и песните се изведуваат си автентични носии од регионот од кој потекнува играта.
Ансамблот „Бојмија“ покрај народните носии поседува и инструменти и свој оркестар кој е дел од сите настапи на ансамблот во земјата и во странство.
Идни планови на Ансамблот за традиционална музика и игра „Бојмија“ се збогатување на ансамблот со уште повеке народни носии и формирање на вокална група и оркестар на народни инструменти.
Претседател на ансамблот Бојмија е Игор Илиевски, а уметнички раководители се Димитар Делев и Миовски Никола, секретар на Ансамблот е Ристо Атанасовски.